На Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвениот крст на Македонија, д-р Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата и стана првата жена на оваа функција од осамостојувањето на државата.
Таа ќе има мандат од четири години.
Има повеќе од две децении искуство во организацијата – како волонтер, претседател на Општинската организација на Црвен крст Битола и беше досегашен потпретседател на националното друштво.
Од Црвениот крст најавуваат дека во нејзиниот мандат, фокусот ќе биде ставен на јакнење на волонтерството и членството, развој на локалните организации, унапредување на хуманитарните услуги, транспарентно управување и зацврстување на партнерствата во земјата и во рамките на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.














