„Безбеден град“ наскоро ќе казнува и странски државјани

Електронскиот систем за казнување “Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци и до странски државјани кои возат низ земјава.

Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

И за нив ќе важат истите казни, како и за македонските граѓани.

Во текот на летната сезона значително е зголемен транзитот на странски државјани по коридорите 8 и 10, а и многу македонски државјани кои работат во странство, со возила со странски регистарски таблички се враќаат во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Безбеден град“ и во Охрид и Струга

Во Велес се инсталираат камери на „Безбеден град“

„Сејф сити“ и во Струмица до крајот на годинава

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести