Дневна SPF заштита што лесно се вклопува во рутината

Летото носи повеќе сонце, повеќе време поминато на отворено и повеќе можности да уживаме во убавото време. Но, токму во овој период кожата е изложена на најголем стрес – силно УВ-зрачење, високи температури, потење, солена вода и престој во климатизирани простории, кои дополнително можат да ја дехидрираат.

Поради тоа, летната нега не треба да се сведува само на хидратантен крем. Еден од најважните чекори во секојдневната рутина е заштитата од сонце.

SPF не е резервиран само за плажа

Иако многумина сè уште го поврзуваат кремот со заштитен фактор исклучиво со деновите поминати на плажа, УВ-зраците се присутни и при секојдневните активности – додека пешачиме, возиме автомобил, седиме во кафуле или извршуваме обврски низ градот.

Токму затоа, дерматолозите препорачуваат секојдневна употреба на производ со најмалку SPF 30 во текот на летните месеци, а SPF 50+ за лица со светол тен, чувствителна кожа или склоност кон појава на хиперпигментации.

@spirkovskajanaa

☀️ SPF што твојата кожа ќе го обожава!Eucerin Oil Control SPF 50+ – лесен, немасен и со долготраен мат ефект. ✨ @Eucerin North Macedonia #EucerinMK #SPF50 #SummerSkin #fyp #viral

♬ original sound – Jana Spirkovska

Малите навики имаат големо значење

Освен редовното нанесување, важно е SPF производот да се обновува на секои два часа доколку подолго престојувате на сонце, особено по капење или интензивно потење.

Не треба да се забораваат ниту деловите кои често остануваат незаштитени – ушите, вратот, усните, темето и дланките.

Дополнителна заштита обезбедуваат и едноставни навики како носење шапка со широк обод, очила со УВ-филтер, лесна памучна облека и избегнување директно сонце во периодот кога зрачењето е најсилно.

@siimeona

Po koj redosled gi stavate vie? 🥵☀️🌊 @Eucerin North Macedonia #skincare #spf #beach #italy

♬ original sound – Simeona Tomova

Лесни формули за секојдневна употреба

Современите SPF производи се развиени така што лесно се вклопуваат во дневната skincare рутина. Нивните лесни текстури не оставаат тежок или масен слој, брзо се впиваат и можат да се користат и како подлога за шминка.

Меѓу производите наменети за ваква секојдневна употреба е и Eucerin Sun Face Oil Control Daily UV Serum SPF 50+, кој обезбедува висока UVA и UVB заштита. Формулата е со лесна текстура и Oil Control технологија за контрола на сјајот, а содржи и антиоксидантни состојки, како витамини C и E и провитамин B5, кои придонесуваат за заштита на кожата од оксидативен стрес предизвикан од надворешни фактори.

По ден поминат на сонце, кожата има потреба од дополнителна нега. Производите што содржат пантенол, алое вера или церамиди можат да помогнат во смирување и обновување на кожната бариера, додека доволниот внес на течности е важен за одржување на нејзината хидратација.

Иако потемнетиот тен често се смета за симбол на летото, вистинскиот показател за здрава кожа е нејзината добра заштита. Со неколку едноставни навики и правилна дневна нега, можно е да се ужива во сончевите денови, а кожата да остане здрава, свежа и негувана и по завршувањето на летната сезона.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести