Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември”, за прв пат во Македонија, воведе нова метода „CoroFlow”, софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул.
„Методата „CoroFlow“ овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што може да придонесе за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите, со што претставува важен чекор за модернизација на кардиолошката дијагностика,“ информираат од Лекарска комора.



Фото: Лекарска комора














