На неодамнешната промоција на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти, присуствуваше и пратеничката на партијата, Славјанка Петровска.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека органите и телата на партијата следната недела ќе дискутирале за нејзиното учество.
За Филипче, како што кажа претходно и од неговата партија, новата платформа е уште „еден проект на Христијан Мицкоски“, а од СДСМ платформата ја нарекоа „ЗНАМ 2.0“, која имала за цел дополнително да се фрагментира опозицијата и да се ослабне СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членови на СДСМ и активисти промовираа платформа, велат дека не станува збор за нова партија
За СДСМ платформата промовирана од нејзини членови е сателит на Мицкоски
Фото: Петровска/Фејсбук














