Продажбата на лусузното „ауди А6„, кое го набави Општина Струга, е уште еден школски пример за тоа како се арчат парите на граѓаните.
Имено, истото Општината го купи во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко за 67.000 евра, а сега на јавна аукција се продаде за околу 22.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продадено аудито на Општина Струга, за кое му се судеше на Мерко
Тоа беше купено во време кога Општината, туристички регион, имаше блокирана сметка.
За набавката Мерко заврши и на суд, ама на судењето беше утврдено дека тој немал вина, оти немало докази.
Парите од продажбата на возилото Општината ќе ги користела за враќање на долг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази
Фото: Општина Струга














