По пауза од 26 години, во државата се возобновува средното полициско образование.
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија „7 Мај“ за учебната 2026/2027 година.
Наставата ќе се реализира во рамки на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што учениците ќе следат стручна и општообразовна настава и ќе престојуваат во интернат.
Голема предност на овој конкурс е што по успешното завршување на четиригодишното образование и државната матура, МВР на сите матуранти им обезбедува сигурно работно место како полицајци.
Последната генерација ваков кадар матурираше во 2000 година во тогашниот Центар „Елисие Поповски-Марко“.
Повеќе за условите за запишување, ОВДЕ.














