На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа докази за комуникацијата на газдата – првообвинетиот Дејан Јованов – Деко и неговиот син, обвинетиот Михајло Јованов, со инспектори, полицајци, началници, вработени во Министерството за економија… од кои добивале информации за рации и полициски и инспекциски контроли во објектот.
Со нив тие комуницирале со години, а меѓу друго добивале информации и за контрола на малолетници, кога им истекува лиценцата за работа, информации поврзани со функционирањето на правните субјекти каде тие фигурирале…
Од материјалните докази на Обвинителство му останува уште презентацијата на градежно вештачење и произнесување на вештите лица, по што докази и сведоци ќе изведува одбраната на обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови кривични за „Пулс“: Осум инспектори осомничени дека со години не вршеле контроли
Фото: Игор Бансколиев














