Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1 денар, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) за 2,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 87,50 денари за литар, а на дизелот, 82,50 денари за литар.
За 2 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и тоа ќе се продава за 81,50 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,265 денари и ќе се продава за 41,230 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














