Двајца уапсени за пожарот кај „Рампа“ во Кисела Вода

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 05.07.2026 година во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги лишиле од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05.07.2026 година околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во голем пожар кај „Рампа“ во Кисела Вода, повреден еден пожарникар

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести