Голем пожар во објект кај „Рампа“ во Кисела Вода во Скопје избувна попладнево, при што во гаснењето е повреден еден пожарникар.
„Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран.
Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.
Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност,“ информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски.
Фото: Град Скопје














