Автопатот Скопје – Блаце ќе чини околу 200 милиони евра, треба да биде готов за 4 години

Во август треба да стартува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а истиот треба да биде завршен за четири години.

Неговата изградба ќе чини 198,4 милиони евра, од кои 30,8 милиони евра се грант од Европската унија, а 167,6 милиони евра се кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и директорот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу, го потпишаа договорот за заемот.

Ќе го гради конзорциум предводен од македонската компанија “Гранит“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата “Гранит“, која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце

Автопатот ќе се протега од клучката Стенковец на скопската обиколница до граничниот премин Блаце кон Косово.

Од истиот претходно беа изградени околу 1,5 километри, а неговата целокупна должина ќе изнесува 12 километри.

Ќе има две сообраќајни ленти во секој правец со ширина од 3,5 метри и лента за запирање од 2,5 метри. Вкупната ширина на патот ќе биде 27 метри.

Проектот предвидува изградба на пет тунели со по две цевки, чија вкупна должина ќе биде околу пет километри, девет мостови со вкупна должина од 2,5 километри, 11 потпатници, четири галерии за стабилизација на косините во должина од еден километар и девет потпорни ѕидови.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести