Потрагата по 24-годишна девојка, македонска државјанка, заврши трагично, откако била пронајдена почината во стан на улицата „Имвру“ во областа Неаполи во Солун, Грција, пренесуваат грчките медиуми.
Како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, нејзиното тело било пронајдено од страна на познаник, кој отишол во станот каде што живеела и ја нашол почината, по што ја известил полицијата.
Според првичните информации од грчката полиција не се работи за насилна смрт, а нејзиното тело е на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.
Како што пренесуваат грчките медиуми, нејзините родители, извесно време не можеле да стапат во контакт со нејзе, па во станот отишол да провери познаникот.
Фото: Унсплеш














