Жена на возраст од 37 години вчера била пронајдена почината во нејзиниот дом во скопски Аеродром.
Станува збор за С.П. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, при првичниот увид не биле забележани видливи траги на насилство.
Нејзиното тело е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.














