(Фото) До крајот на месецов ќе биде пуштена железничката делница Драчево–Илинден, а до 1. септември првата линија на Градскиот воз

До крајот на месецов за товарни возови треба да биде пуштена железничката делница од Драчево до Илинден, од скопската железничка обиколница, која е дел од железничкиот Коридор 10.

Како што информираше на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нејзината реконструкција е завршена, а сега истата се тестира, по што следува технички прием.

Од 1. септември пак треба да започне со работа и првата линија на Градскиот воз, која ќе сообраќа на релацијата Зелениково – Драчево – центар на Скопје.

Проектот Градски воз предвидува од железничката станица во селото Зелениково до главната железничка станица во Скопје да се патува за околу 25 минути, додека релацијата од Драчево до центарот на градот да се поминува за 11 до 13 минути.

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести