Кривични за 4 деца и 5 родители за случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром

За еден од последните случаи на насилство помеѓу малолетници, во кој цел на напад беше 12-годишно девојче во скопски Аеродром, а инцидентот беше сниман од страна на други малолетници со мобилен телефон, Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави за четири малолетници инволвирани во истиот и за пет родители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Брутално насилство врз малолетничка во Аеродром, едни ја тепат, други малолетници навиваат и снимаат

Инцидентот се случи на 30. јуни, а како што информираа од МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, за две малолетнички е поднесена кривична за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

Против еден малолетник е поднесена кривична за сторено кривично дело „поттикнување“, казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и за „неовластено снимање“, казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик.

Против друг малолетник исто така е поднесена кривична за сторено кривично дело „неовластено снимање“.

Кривични се поднесени и за родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А.. Тие добија кривични за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Психолот Билјана Вуковиќ објаснува зошто врсниците од Аеродром снимале наместо да помогнат во случајот со насилството

Имаме сериозен проблем кога дете од 12 години ужива, снима и се смее, додека гледа како друго е плукано и влечено за коса: Реакции на социјалните мрежи за новото малолетничко насилство во Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести