Нема крај на случаевите со врсничко насилство помеѓу малолетниците во Македонија.
На нова снимка споделена на социјалните мрежи се гледа како девојче клекнато на колена, молејќи за милост, едни малолетнички ја шамараат и кубат за коса, а други малолетници, меѓу кои и момчиња, навиваат и го снимат бруталното насилство.
– Ќутете да слушнеме како ќе пука, вели едно од момчињата кое снима, чекајќи друго девојче да му удри шлаканица на малтретираното.
Новиот инцидент се случил во скопски Аеродром.
Во полицијата нема пријава за инцидентот и засега нема официјални податоци кога се случил, но Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ќе постапи по допрен глас.
Видеото предизвика згрозување во јавноста, која бара одговорност од институциите, но и од родителите на децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














