Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, не дозволи изземање на обвинителката Наташа Сарамандова.
На претходното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побараа нејзино изземање поради „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”.
За Судот истото е неосновано, а на барањето бурно регираа и родителите на загинатите, кои посочија дека на судењето повеќе се посветува внимание на процедурата, отколку на доказите, па го напуштија истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














