До крајот на месецов за товарни возови треба да биде пуштена железничката делница од Драчево до Илинден, од скопската железничка обиколница, која е дел од железничкиот Коридор 10.
Како што информираше на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нејзината реконструкција е завршена, а сега истата се тестира, по што следува технички прием.


Од 1. септември пак треба да започне со работа и првата линија на Градскиот воз, која ќе сообраќа на релацијата Зелениково – Драчево – центар на Скопје.
Проектот Градски воз предвидува од железничката станица во селото Зелениково до главната железничка станица во Скопје да се патува за околу 25 минути, додека релацијата од Драчево до центарот на градот да се поминува за 11 до 13 минути.
Фото: МТ














