Ало медиа систем ДОО Белград, Србија, преку Ало медиа систем ДООЕЛ Скопје, ги купува радиодифузното друштво Наша ТВ ДООЕЛ Скопје и трговско радиодифузно друштво РФМ ДООЕЛ Скопје, по пат на
купопродажба на удели, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Која е Ало медиа систем Скопје
Ало медиа систем Скопје е новоосновано трговско друштво основано со цел спроведување на трансакцијата и истото сѐ уште не остварува никакви деловни активности ниту приходи по било кој основ.
Која е Ало медиа систем Белград
Негов основач и единствен содружник е Ало медиа систем Белград, кое работи во областа на медиуми, новинарство и дигитално издаваштво, произведување и дистрибуција на информативни и новинарски
содржини за пошироката јавност.
Познато на регионалниот пазар е како издавач на дневниот весник Alo! и на онлајн информативниот
портал Alo.rs, кои покриваат различни теми, тргнувајќи од актуелни настани, политика, бизнис, забава, спорт и животен стил.
Основните активности на Друштвото вклучуваат креирање содржини, издавање весници, управување со дигитални медиуми и мултимедијална продукција.
Преку своите печатени и онлајн канали, Друштвото подготвува вести, интервјуа, аналитички текстови, репортажи и видео содржини.
Покрај новинарството и издаваштвото, остварува приходи од рекламирање, комерцијални партнерства, спонзорирани содржини и други медиумски услуги.
Наша ТВ емитува програма на територијата на државата, а РФМ во Скопје и неговата околина.
Фото: Унсплеш














