Актуелната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска од страна на Судскиот совет беше избрана за претседателка на Судот.
За неа гласаа 11 членови на Советот, а доби и четири гласа „за„ при гласањето според Бадентеровото начело.
Таа пред една година беше избрана за в.д. претседателка на Судот. Таа на позицијата дојде како судија во Одделението за организиран криминал и корупција во истиот суд.
Освен Димовска, за позицијата кандидат бил и Ивица Стефановски, судија во истиот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Даниела Димовска, која е избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје
Фото: Основен кривичен суд














