Познато од што починала 24-годишната Македонка во Солун

Првичните информации од форензичката обдукција на 24-годишната Македонка која почина во Солун, Грција, покажуваат дека таа најверојатно починала поради болест или природен процес во организмот, пренесуваат грчките медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24-годишна македонска државјанка пронајдена почината во Солун

Претходно од грчката полиција, кога беше пронајдена почината, соопштија дека не станува збор за насилна смрт.

Таа беше пронајдена почината во стан од страна на познаник, откако нејзините родители неможеле да стапат во контакт со нејзе.

Неофицијално, некои од македонските медиуми објавија дека станува збор за студентка од Прилеп.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести