(Видео) Гледа во таван и не комуницира со Судот: Почна судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Денеска во Основниот суд Куманово започна судењето на обвинетиот за четри убиства и два обиди за убиство, Трајко Бојковски (25), од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане.

Судењето како што пренесува локалното радио Бум, започна драматично – обвинетиот гледал во плафон и не сакал да комуницира со Судот. Се држeл за глава и испуштал чудни звуци.

Од вештак било побарано да утврди дали е способен да му се суди и расправата да продолжи.

Осомничениот слушал кога ќе му кажат да стане и да седне и побарал вода.

Психијатриските вештачења од страна на три лица, претходно покажаа дека тој е кривично правно одговорен, свесен за постапките и не е болен и може да го следи судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот убиец од Старо Нагоричане се изјасни за невин, по што остана без адвокат

Сите детали за серискиот убиец од Старо Нагоричане, чие судење почнува утре

Фото: Унсплеш/фото/видео: Радио Бум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести