Сите детали за серискиот убиец од Старо Нагоричане, чие судење почнува утре

Утре Куманово ќе биде во фокусот на јавноста. Во Основниот суд Куманово започнува судењето на серискиот убиец Трајко Б., (25) од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане.

Ќе му се суди за дури четири убиства и два обиди за убиство. Станува збор за прв случај на сериски убиец во Македонија со елементи на фемицид, бидејќи жртвите биле нападнати поради нивниот пол.

Убиените жени беа пронајдени голи или полуголи

Сите убиени жени се од истата Општина и се повозрасни. Само една имаше 35 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција

Онаа што е исто така значајно за овој случај, е што дел од убиствата беа откриени откако беа направени дури три ексхумации на закопани починати, што укажа дека од страна на институциите биле направени пропусти и не биле спречени идни убиства и обиди за убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца мртвопроверители заработија кривична за убиствата во Старо Нагоричане

Вештачењата во текот на истрагата покажаа дека убиствата ги извршил со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

Убиените жени беа пронајдени голи или полуголи, детал на кој институциите не обрнале внимание навреме.

Сите убиствата и обиди за убиство се случиле годинава и лани.

Обвинетиот е свесен што направил

Обвинетиот со месеци е во затворот во Куманово.

Психијатриските вештачења од страна на три лица, покажаа дека тој е кривично правно одговорен, свесен за постапките и не е болен и може да го следи судењето.

Од претходно имал и кривична пријава за кражба на автомобил и за други кражби.

Му се заканува казна од најмалку 10 години затвор до доживотна робија.

Каде се случиле убиствата

Според Основното јавно обвинителство Куманово, првото убиство се случило во селото Клечовце, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година.

Убиена е повозрасна и немоќна жена. Тој влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала.

Второто убиство се случило во период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во селото Драгоманце. На сличен начин таму убил уште една повозрасна жена.

Првиот обид за убиство се случило на 22.07.2025 година во селото Челопек, каде се обидел да убие жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па тој избегал.

Третото убиство се случило во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во селото Старо Нагоричане. Таму ја убил најмладата жртва, за која се дозна дека е убиена откако беше откопано нејзиното тело. Била убиена на сличен начин.

Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година тој ја убил и четвртата повозрасна и немоќна жена.

Вториот обид за убиство се случил на 09.02.2026 година во Челопек. При обидот за убиство се исплашил од звук што го слушнал, и побегнал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Институциите создадоа сериски убиец

(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско

(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести