Двајца мртвопроверители заработија кривична за убиствата во Старо Нагоричане

Двајца лекари – мртвопроверители заработија кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) за убиствата во Општината Старо Нагоричане.

Досега осомничениот Трајко Б. (25) се гони за четири убиства и за два обиди за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Создадоа ли институциите сериски убиец во кумановско?

Кривичната мртвопроверители како што информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово, ја заработиле поради тоа што тврделе дека неговите жртви, сите жени, починале од природна, а не од насилна смрт.

За полицајците пак кои биле на увид на лице место кога била пријавувана смрт на жените, за кои подоцна се дозна дека не починале од природна смрт, не била најдена одговорност, оти тие им верувале на мртвопроверители.

Кривичната од МВР до ОЈО Куманово била доставена вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција

(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско

Две жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт, откриено во истрагата за осомничениот сериски убиец во кумановско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести