Трајко Б., (25) од селото Малотино, Старо Нагоричане, ќе се гони за уште две убиства, или вкупно четири, информираа денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово.
Исто така тој се товари и за два обиди за убиство.
Во сите случаи станува збор за жени, и оваа според Обвинителството, е прв случај на сериски убиец во Македонија со елементи на фемицид, бидејќи жртвите биле нападнати поради нивниот пол.
Сите жени се од Општината, и се повозрасни, освен една која имаше 35 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И за убиството на 35-годишна Марија Маринковска осомничен потенцијалниот сериски убиец
Откако беше осомничен за првото убиство, досега се направени вкупно три ексхумации на закопани починати.
Убиствата и обидите за убиство се случиле годинава и лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца мртвопроверители заработија кривична за убиствата во Старо Нагоричане
Осомничениот со месеци е во затворот во Куманово, а психијатриските вештачења од страна на три лица, покажале дека тој е кривично правно одговорен, свесен за постапките и не е болен и може да го следи судењето.
Од претходно имал и кривична пријава за кражба на автомобил и за други кражби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско














