Телото на убиената жена во Битола дадено на обдукција, Обвинителство собира материјални докази

Нов случај на фемицид ја потресе Македонија утринава.

Од страна на нејзиниот 33-годишен сопруг А.Р., беше убиена 31-годишната Ајнет Вејсел од Битола.

Со него извесно време биле разделени, а тој е уапсен, информираа од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж во Битола си ја уби 31-годишна сопруга

Од Основното јавно обвинителство Битола пак информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото во битолската населба Баир, каде денеска беше убиена жената.

Издадена е и наредба за обдукција на телото на починатата, а од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести