Маж во Битола си ја уби 31-годишна сопруга

Маж на возраст од 33 години од Битола утринава со нож ја убил 31-годишната сопруга.

Станува збор за лицетото А.Р., кој е уапсен, а убиената жена е А.В. од Битола.

Убиството како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола се случило околу 06:40 часот денеска, откако жената од осомничениот била нападната со нож. Таа од повредите починала на лице место.

Двајцата не живееле заедно.

Осомничениот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести