На стартот на судењето, Трајко Бојковски (25), од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство, се изјасни за невин, иако неговиот адвокат Драган Трајковиќ му најавил на судијата дека тој ќе признае вина за сите дела.
По тоа Трајковиќ соопшти дека нема да биде повеќе биде негов адвокат, оти не го прифатил неговиот правен совет, па судењето беше одложено.
Бојковски сега треба да добие адвокат по службена должност.
Инаку, судењето почна со чудно однесување на обвинетиот, иако психијатриски вештачења од страна на три лица, претходно покажаа дека тој е кривично правно одговорен, свесен за постапките и не е болен и може да го следи судењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Куманово, Љубомир Лапе, пак во своето излагање меѓу друго рече дека Обвинителството во текот на судењето ќе докаже дека обвинетиот од ниски побуди со умисла лишил од живот четири жени и се обидел да убие уште две и дека некрофилија е доминантниот мотив во извршувањето на кривичните дела.
Еден од клучните докази е и ДНК анализа, која според Обвинителството е доказ дека Бојковски е убиецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за серискиот убиец од Старо Нагоричане, чие судење почнува утре
Фото: Унсплеш














