Жена на возраст од 42 години загинала по сообраќајна несреќа што вчера се случила во струмичкото село Робово.
Станува збор за Р.Г.Р. од Робово, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била префрлена по несреќата.
До несреќата дошло откако таа со патничко возило „опел астра“ се судрила со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (32) од Скопје.
Фото: Унсплеш














