На судењето за „Пулс“ презентирани нови докази дека истата работела со заштита од полицајци и инспектори

И на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа нови докази од комуникација помеѓу обвинетите во случајот преку „Фејсбук“ и „Вибер“.

И овие пораки како и тие презентирани на претходното рочиште, според Обвинителството, покажуваат дека т.н. дискотека работела без лиценца, а под заштита на полицајци и инспектори.

На Обвинителството му остана уште презентација на градежните вештачења и сведочење на градежни вештаци, а потоа материјални докази и сведоци ќе изведува одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на “Пулс“ со години комуницирал со инспектори и полицајци кои му најавувале кога ќе има контроли

Нови кривични за „Пулс“: Осум инспектори осомничени дека со години не вршеле контроли

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести