(Видео) Драма на небото над Македонија на лет Солун-Меминген: Дефект на мотор скрши прозорец на авион на Рајанер, патник од Србија за малку ќе излетал

На летот од Солун, Грција за Меминген, Германија, се случи инцидент во авион на Рајанер, откако по дефект откачен дел од моторот скршил прозорец.

Според пишувањата на грчките медиуми, патник од Србија кој седел до прозорецот, за малку ќе излетал од прозорецот поради големиот притисок.

Претседателот на Грчката федерација на вработени во јавни болници, Михалис Јанакос, изјави дека трагедијата била избегната благодарение на смиреноста на патниците, пред сè на сопругата на повредениот српски државјанин.

„Неговата сопруга го држела за нозете пет минути за да спречи целосно да излета од авионот. Со помош на другите патници, некако успеале да го вратат во кабината“, рекол Јанакос.

Медиумите пренесуваат дека драмата во авионот се случувала на небото над Македонија, по што пилотите одлучиле итно да се вратат назад.

По евакуацијата на солунскиот аеродром, четворица патници биле пренесени во болница, а најтешко поминал 61-годишниот Србин, кој се здобил со повреди по телото.

Линк до видеото ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести