Од Македонски Телеком АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 8. јули бил склучен договор за соработка за брендирање на Спортскиот центар “Борис Трајковски” Скопје со друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје.
Договорот се однесува на период од 36 месеци, а надоместокот за деловната соработка на Телеком е до 720.000 евра.
Телеком ќе обезбеди и дополнителни средства за брендирање и спроведување на комуникациски
активности поврзани со реализацијата на договорот.
Вкупната инвестиција на компанијата за брендирањето изнесува до 1.450.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЦ „Борис Трајковски“ станува Т-Арена














