Во Драч, Албанија се уапсени двајца припадници на криминалната група од Македонија, позната како „Беланоца“.
Како што потврдија од македонското Министерство за внатрешни работи, уапсени се М. Џ. (26) од Скопје и С. Н. (34), роден во Норвешка.
Телевизијата Телма објавија дека се работи за Муса Џавит и Сенафи Нуредини.
Џавит се сомничи дека во јули лани во скопското село Батинци, убил припадникот на македонската Армија пред неговата ќерка. Како што пренесува телевизијата Муса е осомничен и за убиство во Батинци во 2024 година.
Нуредини пак е осомничен за убиството во Бутел во 2021 година, а е баран и за криумчарење мигранти, нелегално држење оружје или експлозивни материјали и злосторничко здружување.
Акцијата во Албанија е спроведена врз основа на информации од македонското МВР, а за нив Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.
По апсењето кај нив биле пронајдени фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на Македонија.
Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Албанија.
Фото: Унсплеш/видео: МВР














