Летото е создадено за читање. Долгите, топли денови се совршена можност да се „изгубите” во добра книга. А кога станува збор за летно читање, романсите се секогаш меѓу омилените жанрови – приказни исполнети со љубов, си силни емоции, со неочекувани пресврти и со ликови што долго остануваат во сеќавањето.Ако сте во потрага по нова книга што ќе ви го разубави летниот одмор, ви препорачуваме пет нови романси во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”.
Станува збор за светскиот бестселер „Срце, љубовникот” од американската авторка Лили Кинг, позната и по „Писатели и љубовници”; за два романи од канадската писателка – кралица на летните романси, Карли Форчан: „Ова лето ќе биде поразлично” и „Едно златно лето”; за романтичната комедија „Случајно Ејми” од Лин Пејнтер; како и за „Како да завршиш љубовна приказна” од Јулин Куанг.
Во продолжение прочитајте ги кратките описи и нурнете во овие пет незаборавни љубовни приказни.
„Срце, љубовникот” – Лили Кинг
На последната година од студиите, една студентка влегува во светот на двајца неразделни пријатели и открива љубов, пријателство и интелектуална страст. Но сложениот љубовен триаголник и изборите што ќе ги направат ќе ги следат со години. „Срце, љубовникот” е емотивен роман за љубовта, за простувањето и за силата на минатото.
Светскиот бестселер и една од најдобрите книги во 2025 година, „Срце, љубовникот” – Лили Кинг, е емотивна и интелигентна приказна за љубовта, за пријателството и за спомените што нè следат низ животот.
„Ова лето ќе биде поразлично” – Карли Форчан
Луси се вљубува во Феликс, но тој е брат на нејзината најдобра пријателка – врска што никогаш не би била одобрена. Иако постојано си ветуваат дека ќе се држат настрана еден од друг, секое враќање на Островот Принц Едвард повторно ги спојува. Дали конечно ќе си дозволат да ја следат љубовта?
„Едно златно лето” – Карли Форчан
Фотографката Алис се враќа во Берис Беј со својата баба, надевајќи се на мирно лето. Наместо тоа, повторно го среќава Чарли – момчето што некогаш го фотографирала, а денес е шармантен маж што ја гледа подобро отколку што таа самата се гледа. Нежна и романтична приказна за вторите шанси и за љубовта што доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
„Случајно Ејми” – Лин Пејнтер
Една мала лага околу украдено кафе ја воведува Изи во низа комични и романтични ситуации. Кога ќе открие дека мистериозниот згоден непознат е нејзиниот нов шеф, станува јасно дека меѓу нив искрите ќе бидат неизбежни – и на работа, и надвор од неа.
„Како да завршиш љубовна приказна” – Јулин Куанг
Двајца писатели со болно заедничко минато повторно се среќаваат како сценаристи на иста ТВ-серија. Додека старите рани повторно се отвораат, тие добиваат можност да напишат ново поглавје – не само во кариерата, туку и во сопствените животи.
Можете да ги нарачате ОВДЕ.














