Американскиот Национален одбор за безбедност на сообраќајот соопшти дека именувал акредитиран претставник за помош на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со авионот на Рајанер, пишува aero.telegraf.rs.
Нашата држава ќе ја води истрагата, бидејќи инцидентот се случил на небото над Македонија.
Земјава, истрагата нема да ја води сама, туку во неа ќе бидат вклучени стручњаци од повеќе држави, додека нашиот истражниот орган ќе ја координира нивната работа и ќе објавува наоди од истрагата.
Во инцидентот патник од Србија кој седел до прозорецот кој пукнал, поради декомпресија на воздухот за малку ќе летнел надвор од авионот, доколку не бил врзан и не бил задржан од неговата сопруга и други патници.
Тој е најтешко повреден. Според неговата сопруга, патникот три пати се онесвестил поради шок.
Уште тројца други патници по евакуацијата на солунскиот аеродром беа пренесени во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash














