Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
„На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитав бракот и во својство на покровителка им подарив галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија, којашто е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.
Им посакав заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.
Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет,“ вели Сиљановска Давкова.









Фото/Кабинет на претседател














