Пратеничката Петровска понуди помош за девојката од Куманово и нејзиното семејство, кои трпат насилство од татко алкохоличар

Пратеничката Славјанка Петровска понуди помош за девојката од Куманово и нејзиното семејство, кои трпат насилство од татко алкохоличар. Случајот го обелодени Меланија Цветковска преку нејзиниот Инстаграм-профил, и како што вообичаено се случува, иако до тогаш безуспешно, веднаш се најде место за нејзиниот татко да биде сместен во институција.

„Со огромна загриженост го следам случајот на Меланија од Куманово, која јавно побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа.

Сакам јавно да порачам дека мојот тим и јас стоиме на располагање.

Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно сместување за Меланија и нејзиното семејство. Воедно, ќе се обратиме и до општествено одговорни компании, организации и хумани луѓе за да обезбедиме подолгорочна поддршка и достоинствени услови за нивното секојдневие.

Не смееме да дозволиме никој да остане сам кога бара помош. Не смееме да чекаме трагедија за да покажеме солидарност.

Очекувам надлежните институции да преземат сè што е потребно за да го заштитат ова семејство и да спречат каква било можност за ново насилство. Заштитата на жртвите мора да биде над сè.

Меланија, те молам контактирај ме преку Фејсбук веднаш штом ќе го видиш овој статус. Сакам лично да разговараме и веднаш да почнеме да организираме конкретна помош за тебе и твоето семејство. Нема да дозволиме оваа борба да ја водите сами.

До Меланија и нејзиното семејство – не сте сами. Ќе останеме со вас и ќе помогнеме колку што можеме, сè додека не бидете безбедни,“ пишува Петровска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Потресно сведоштво на девојка од Куманово за живот со татко алкохоличар: Треба ли да бидеме убиени, за некој да биде сместен во ментална институција

Откако ќерката обелодени, а јавноста се крена, се најде место во Психијатриската болница во Демир Хисар за таткото алкохоличар кој врши семејно насилство

Фото/Петровска-Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести