Меланија Цветковска од Куманово се обрати преку нејзиниот Инстаграм профил за да каже дека е жртва на семејно насилство од татко алкохоличар, и во видеото вели дека се обраќа на јавноста како некој што ужасно бара голема помош од институциите.
Нејзиното барање на помош го пренесуваме во целост:
„Барам да бидам слушната не барам да бидам сожалувана, не барам да читам коментари и да ме тапка некој по раме, само сакам да бидам слушната од институциите и барам помош. Живеам со родител кој константно е под алкохолизирана состојба со дијагноза на ментални растројства, кој и во 2019 година има лежено на Клиника за психијатрија во Скопје, во октомври има лежено во Бардовци има уште неколку обиди за хоспитализација но неуспешно. Секогаш добиваме одговори дека нема место и дека не е доволно сериозна ситуацијата. Само ние знаеме колку е сериозна ситуацијата, затоа што никој не е во наша кожа.
Не мора да биде фаталано и да бидеме убиени, силувани или ранети за некој да не слушне. Моето студио „Лотус тач“, наизглед изгледа совршено место и сите ме познаваат како смирена личност, но под површината никој не знае како функционира и само Господ знае колку пати ми се треселе рацете, колку пати сум плачела додека сум ги работела своите клинети.
Само Господ знае колку пати меѓу термините телефонот ми бил во раце за да викнам полиција. Само Господ знае колку пати ми трепереле рацето и срцето и сум била вознемирена со страв дека некој ќе ја убие мајка ми или баба ми. Ние сме три жени кои што живееме со човек кој постојано ни се заканува дека ќе не убие, кој што имал обиди и за самоубиство и за убиство спрема нас.
Денеска повикавме полиција и ако ви кажам дека цел ден сме по сите институции, и дека сите не одбиваат и дека никој не сака да го прими во ниту една психијатриска институција и дека никој не се јавува по телефон ни во Бардовци ни во Демир Хисар и ниедни други психијатриски институции. Жалосно ми е да кажам дека ми се потребни врски, за некој да биде сместен во ментална институција, не знам во кој век живееме, но ова лудило и оваа агонија мора да престанат.
Имам брат со церебрална парализа кој живее со нас и кој што сите овие трауми ги има преживеано, неговата здравствена состојба беше премногу лоша изминатава година, дури и во болниците, мојот татко кој не би сакала да го именувам како таков, постојано беше во алкохолизирана состојба.
Не знам што треба да се случи за да бидеме слушнати. Кажете ми правно каде треба да се обратам и каде една личност со такви ментални растројства, 24 часа под дејство на алкохол кои малтретира мајка, сопруга, ќерка и болно дете, не може да се смести во некоја психијатриска установа.
Не спаѓаме под семејно насилство, не спаѓаме под кривична пријава, нема физички напад, нема место во Бардовци, нема место во Демир Хисар. Каде има место?“ прашува Цветковска.
Таа бара да не бидат осудени зашто нејзините не се разведуваат и зошто не се преселат, бидејќи како што вели ниту една зграда нема инфраструктура, односно пристап за нејзиниот брат кој што е во количка.
„Своеволно не потпишува развод, своеволно не ја напушта куќата, немаме финансии и немаме на кој начин да се тргнеме,“ додава таа.
Цветковска бара нејзиниот татко да биде сместен во институција и зграда со пристап, каде што нејзиниот брат ќе биде сместен на сигурно.
Не може да си ја врши нејзината секојдневна работа, бидејќи не може да се потпре на институциите.
Видеото ОВДЕ.
Фото/Принтскрин-видео














