40-годишен маж пронајден починат во стан во Аеродром

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 11.07 2026 година околу 18:20 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П. (40) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

-Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција, велат од таму.  

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести