Насилство во Сарај: 16-годишник со нож повредил 14-годишен малолетник, кој му вратил со тврд предмет

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 11.07 2026 година во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во селото Сарај, скопско, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник.

-По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда, велат од МВР. 

Ноќеска околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести