31-годишен маж со нож го убил својот татко, кој претходно алкохолизиран ја нападнал неговата мајка

Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода 31-годишниот скопјанец Б.Џ. затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко, 52-годишниот скопјанец Е.Л.

Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, инаку мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Свети Наум Охридски“ за укажување на помош”, информираа од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на убиениот е предадено за обдукција.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести