Кривични за малолетничките кои физички нападнаа нивна врсничка во Куманово

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово поднел кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, Општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

-Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон, велат од таму.

По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов случај на врсничко насилство во Куманово: Три девојки влечат за коса друга девојка, ја удираат и ја клоцаат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести