Борче Серафимовски, и официјално е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој ја презеде функцијата од Цветан Трипуновски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој повеќе нема да има министерска функција.

Серафимовски е пак кадар на ЗНАМ, а пред да дојде на оваа функција беше државен секретар во овој ресор.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Цветан Трипуновски, кој повеќе нема да биде министер за земјоделство
Кој е Серафимовски
Роден е на 17.05.1982 година.
Завршил додипломски студии на Институт за одбранбени и мировни студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, и се стекнал со звањето дипломиран дефендолог.
Додипломски студии завршил и на отсекот бизнис-менаџмент на Варненскиот слободен универзитет „Црноризец Храбар“ во Варна, Бугарија.
Високото образование го продолжил на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија, каде што магистрирал меѓународни односи на Правно-историскиот факултет.
Докторирал на Стопанскиот факултет при Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија, каде што се стекнал со звањето доктор по организациски науки.
Зборува и англиски, руски и бугарски јазик.
Работно искуство
Од 2004 до 2025 година работел на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, каде бил генерален директор и заменик претседател на Управниот одбор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда
Кој е Ѓоко Велковски, новиот министер за социјална политика, демографија и млади
Фото: МЗШВ














