Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека за време на престојниот викенд времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност.
Од таму велат дека нови врнежи, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник.
На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Од вторник пак следи стабилизација на времето. Ќе има стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури.
Фото: Игор Бансколиев














