Штета од најмалку 5 милиони евра е направена на железничка инфраструктура со кражба во електровлечната подстаница Драчево, меѓу железничките станици Лисиче и Драчево.
Како што информираа од Македонски железници – Инфраструктура, крадците таму насилно превртеле два трансформатори тешки повеќе од 30 тони.
Потоа го истуриле трансформаторското масло и ги украле бакарните намотки и жици, шини и друга опрема неопходна за функционирање на подстаницата.
Истата сега е целосно нефункционална.
Фото: Унсплеш














