Утре штрајк на граничните премини со Грција, ќе трае од 5 до 9 часот наутро

Важна информација за сите што утре планираат да патуваат за Грција. Имено, грчките царински службеници ќе штрајкуваат на трите гранични премини со Македонија – „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Штрајкот ќе започне од 5 часот по македонско време и ќе трае до 9 часот наутро или по грчко време од 6 до 10 часот.

Додека ќе трае штрајкот патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Грција, информираа од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР).

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести