Невремето во Штип, каде пред неколку денови имаше ветер од 134 километри на час предизвика штета на кровните конструкции на основното училиште „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“.
За да се поправат истите ќе треба околу 1 милион денари, информираа од Општина Штип.
Невремето на 21. јули предизвика и штета на кровот на Клиничката болница во Штип, каде се погодени Одделот за ортопедија и ортопедската сала. За оваа штета се уште нема проценка колку ќе чини санацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До санирање на штетата, пациентите со скршеници од Источниот регион привремено се упатуваат во други центри, за да добијат соодветен третман без одлагање. Хоспитализираните пациенти се преместени во безбедниот дел од болницата. Останатите медицински услуги функционираат нормално, бидејќи болницата располага со други операциони сали.
За пријавите пак на граѓаните кои се однесуваат на оштетени кровови, возила и други штети, пресметката ќе се знае откако комисија ќе излезе на терен и ќе изврши проценка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големо невреме го погоди и Штип
Фото: Унсплеш














