Ќе плаќаат ли Скопјани повисок данок на имот?

Жителите на скопските општини Карпош и Центар се уште не добиле решенија за данок на имот за годинава, а поголем број од граѓаните низ другите општини добија во електронска верзија.

Од Град Скопје нема официјално објаснување зошто доцнат решенијата, а во меѓувреме медиуми објавија дека е можно жителите на овие две општини да бидат првите кои ќе добијат повисоки сметки за данок на имот.

Во истите како што е познато цената на становите е меѓу највисоките во Скопје, па токму поради зголемената вредност на становите, најверојатно жителите на Карпош и Центар ќе плаќаат повисок данок на имот.

Како што објави Слободен печат Советот на Град Скопје пред два месеци усвоил нов Правилник за унифицирање на цените на градежното и земјоделското земјиште и зоните на населени места на подрачјето на Град Скопје, а според член 4 од Правилникот, при утврдување на данок на имот, како и при вршење ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот на секои четири години, даночна основа претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена во овој Правилник.

Оваа обврска како што велат од Град Скопје за Слободен печат досега не била почитувана и не било извршено усогласување на вредностите со реалните пазарни цени постигнати во купопродажните договори од претходните години.

-На пример, стан е продаден за 2.500 евра, таков купопродажен договор ни се доставува, а се даночи по цена од 1.200 евра, како што бил проценет во минатото. Од тие причини е донесен новиот Правилник кој се темели и на праксата што ја имаме од договорите за купопродажба, велат од Градот, од каде посочуваат дека целта е во цело Скопје да се даночи според пазарната вредност.

Тоа значи дека и во останатите општини во наредниот период ќе се изврши преоценка на имотите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движи цената на квадрат за станови во Скопје

Во Скопје за закупнина за стан се плаќа и 3.741 евра

Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести