Денеска Скопје се сеќава и им одава почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес кој се случи на 26. јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.

Истиот беше со 9 степени по Меркалиевата скала и 6,1 степени според Рихтеровата сеизмиска скала.
Траел 20 секунди, по што следеле помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца.
Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе погребани од своите роднини пред да ги евидентира Службата.
Бројот на повредени бил 2.900 лица, од кои што 1.110 биле тешко повредени. Над 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките, а околу 800 лица останале инвалиди.
Во земјотресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.
Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.
Фото: Град Скопје/видео: Universal international news/davorstojkoski/you tube














